
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 01.02.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.К.(24) и Ј.С.(18), двајцата од Куманово. При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.























