На 29 јуни 2025 година, околу 12:40 часот, во СВР Скопје е пријавен пожар што избувнал на подрачјето на селото Визбегово, скопско. Според информациите, огнената стихија започнала во нива, а потоа се проширила и зафатила дел од ограда на хотел и објект кој бил користен како магацин.
Екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје брзо интервенирале и го изгаснале пожарот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Надлежните служби ќе извршат увид за да утврдат што го предизвикало пожарот и колкава е причинетата материјална штета.