
Вчера околу 21:30 часот во селото Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишиле од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата жители на селото.
При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полицијата ги затекнала двајцата осомничени додека вршеле мерење на марихуана. При тоа биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од дрога. Дополнителен претрес бил извршен и во домот на Г.Т., каде исто така биле пронајдени пакувања со марихуана и предмети со остатоци од дрога.
Од преземените активности, полицијата дошла до сознанија дека со случајот се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од селото Јосифово. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови, како и во деловен објект кој го користел К.М., при што биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и хашиш.



























