
Маж од Центар Жупа, под дејство на алкохол, физички нападнал полициски службеници, а по неговото лишување од слобода продолжил со агресивно однесување во полициска станица, каде што оштетил дел од инвентарот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против Е.А. (29) од село Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради сомнение дека сторил кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „загрозување на сигурноста“ и „оштетување туѓи предмети“.
Според пријавеното, на 28 август 2026 година, Е.А. физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија. Откако бил лишен од слобода, тој продолжил со непристојно и агресивно однесување во полициската станица, при што оштетил дел од инвентарот.
При извршените проверки било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

















