На 25.10.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Средно Коњари, општина Петровец, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.М.(47) од една страна и А.Ќ.(38), Е.Ќ.(62), А.Ќ.(71) , И.Ќ. (54) и А.Ќ.(26) од друга страна, сите од с.Средно Коњари. При тоа бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.































