На 26.10.2025 во 00:37 часот во СВР Скопје, Н.И.(40) од Скопје пријави дека на 24.10.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку машки лица, кои притоа со употреба на физичка сила му одзеле чанта со лични документи, мобилен телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.































