
Вчера повторно ограбен верски објект во Тетово.
– На 08.05.2026 во СВР Тетово било пријавено дека во периодот помеѓу 18:00 и 19:00 часот во џамија на ул.„Вон Вардарска“ во Тетово било влезено со употреба на сила и бил одземен метален сеф во кој имало парични средства од донации, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
















