
На автопатот од Скопје кон Велес, кај првиот тунел, денеска се случи сообраќајна несреќа која предизвика оштетување на едно патничко возило.
На терен се присутни полициски екипи кои го обезбедуваат местото на настанот и го регулираат сообраќајот. Засега нема официјални информации дали има повредени лица, а движењето во овој дел се одвива со забавено темпо.






















