УТРО.мк

Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во Италија – повредени и уапсени по конфликт

Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во Италија – повредени и уапсени по конфликт
Vero

Во италијанскиот град Перуџа се случи брутален инцидент меѓу две групи имигранти, Македонци и Албанци, што предизвика паника во локалната заедница. Инцидентот се одвивал во кафе-бар во регионот „Сан Систо“ и ескалирал во хаос на улиците, при што неколку лица се повредени, а 11 други се уапсени.

Според прелиминарните информации од истрагата, конфликтот започнал ненадејно кога едно лице се фотографирало со мобилен телефон, што довело до вербална расправија. Таа брзо прераснала во масовна тепачка со употреба на столови, маси и стапови долги над 60 сантиметри. Во инцидентот биле вклучени и неколку романски државјани.

Ситуацијата дополнително се влошила кога двајца учесници, обидувајќи се да избегнат одговорност, со автомобил удриле во македонски државјанин, предизвикувајќи сериозни скршеници на двете нозе. Повредениот бил хоспитализиран во болницата во Перуџа.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран