УТРО.мк

МАФИЈАШКО КИДНАПИРАЊЕ ВО КАРПОШ: Скопјанец претепан однесен во Шишево среде бел ден

МАФИЈАШКО КИДНАПИРАЊЕ ВО КАРПОШ: Скопјанец претепан однесен во Шишево среде бел ден
Vero

Вистинска драма се одвивала среде бел ден на улиците во скопската населба Карпош, откако 36-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат, киднапиран и насилно однесен на друга локација.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 12 јуни во 21:30 часот. Д.Е. (36) од скопско во пријавата навел дека околу 14:00 часот, додека се движел со патничко возило „Мерцедес“ на подрачјето на Карпош, неговото движење било блокирано од три автомобили.
Како што изјавил, од возилата излегле неколку лица кои веднаш физички го нападнале. Во нападот, едно од лицата му нанело тешки телесни повреди, по што бил насилно внесен во едно од возилата и однесен против негова волја.


Според неговото сведочење, најпрво бил однесен на автоплац во Карпош, каде извесен период бил задржан, а потоа бил транспортиран до селото Шишево. Таму, како што навел, бил оставен и пуштен да си замине.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција, по што започнала истрага за утврдување на идентитетот на напаѓачите, мотивите за нападот и сите околности поврзани со настанот.


Од МВР потврдуваат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање ќе бидат преземени соодветни законски мерки против инволвираните лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin