
Вистинска еуфорија завладеа на Плоштадот на слободата во Тузла, каде илјадници навивачи на голем видео-бим го следеа натпреварот на Босна и Херцеговина против Канада на Светското првенство.
Моментот на вечерта пристигна кога Јово Лукиќ ја затресе мрежата за водство од 1:0, по што следуваше вистинска експлозија од емоции меѓу присутните. Навивачите со овации, песни и аплауз го прославија погодокот, создавајќи атмосфера за паметење.
Видеото од славјето за кратко време стана хит на социјалните мрежи, а сцените од Тузла покажаа колку Светското првенство значи за босанските навивачи и колкава страст буди националниот тим.

















