УТРО.мк

Кривична пријава против Фатмир Дехари – Ова се причините

Кривична пријава против Фатмир Дехари – Ова се причините
Vero

Полицијата поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, поранешен градоначалник на Општина Кичево и жител на селото Србица, поради сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Според информации од СВР Охрид, Дехари во својство на градоначалник постапувал несовесно при користење на своите овластувања според Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.

„Пријавениот од 2016 година секоја година склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево со одредени лица, но по истекот на една година не извршил надзор, не ги прекинал договорите и дозволил лицата да не стекнат соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен државен орган“, соопшти полицијата.

Извор: makfax.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран