УТРО.мк

Кокаин закопан во атарот на Босилово: Три лица осомничени за трговија со дрога

Кокаин закопан во атарот на Босилово: Три лица осомничени за трговија со дрога
Vero

Полицијата поднела кривична пријава против три лица од од Гевгелија и Струмица, поради сомнежи дека биле вклучени во организирана шема за набавка и пренос на кокаин.

Според податоците, станува збор за И.Ѓ. (26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. (33) од Гевгелија и В.С. (51) од Струмица. Истражните органи посочуваат дека првоосомничениот И.Ѓ. ја организирал набавката на дрогата, по што, во договор со П.Ч., бил ангажиран транспортот со патничко возило до третоосомничениот В.С.

По преземањето на кокаинот, В.С. наводно го сокрил на необична локација, закопувајќи го во земја во реонот познат како „Топо“, во атарот на селото Босилово.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека наркотичната супстанца е пронајдена и запленета, а случајот е процесуиран согласно законските процедури.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран