УТРО.мк

89-годишен пешак од Росоман загина по удар од товарно возило на патот Градско – Прилеп

89-годишен пешак од Росоман загина по удар од товарно возило на патот Градско – Прилеп
Vero

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево на регионалниот пат Градско – Прилеп, во близина на Росоман, во која животот го загуби 89-годишен пешак од селото.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес, несреќата се случила околу 18:55 часот, кога товарно возило „сканиа“ со приколка, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 45-годишен жител на Кавадарци, го удрило постариот пешак.

Од здобиените повреди, жртвата починала на самото место на настанот. Смртта ја констатирала екипа од Итната медицинска помош од Кавадарци.

На местото на несреќата бил извршен увид од страна на дежурна екипа од ОВР Кавадарци, а за случајот бил известен и јавен обвинител, кој треба да ги утврди околностите под кои дошло до трагедијата.

Поради увидните дејствија, сообраќајот на оваа делница од патот привремено е во прекин, а возилата се пренасочуваат по регионалните правци Р103 и Р107.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран