УТРО.мк

Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат за помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 9 јануари обвинетите со умисла му помогнале на тинејџерот, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена, да побегне од земјата.

Тие пристигнале до домот на осомничениот со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, го земале заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце го пренеле во Република Србија. По пристигнувањето таму, обвинетите се вратиле во земјава околу полноќ.

Јавниот обвинител предложи продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот тинејџер, кој предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици, се уште е недостапен на органите на прогонот, а полицијата трага по него врз основа на издадената меѓународна потерница.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран