УТРО.мк

Измамиле жена за 150.000 денари и злато со лажна операција на ќерка и: Тројца приведени во Битола

Измамиле жена за 150.000 денари и злато со лажна операција на ќерка и: Тројца приведени во Битола
Vero

Службени лица од СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција расчистија случај на сериозна измама во која една битолчанка била наведена да предаде значителна сума пари и златен накит, верувајќи дека помага за итна медицинска интервенција на својата ќерка.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во акцијата се лишени од слобода три лица: Е.Ј. (46) од Скопје, Д.Т. (48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран. Против нив е поднесена кривична пријава за „измама“, поради основано сомнение дека учествувале во внимателно организирана шема за доведување во заблуда на жртвата.

Инцидентот се случил на 9 март 2026 година, кога осомничените, заедно со уште едно засега непознато лице, телефонски контактирале со жената и ѝ соопштиле дека нејзината ќерка претрпела тешка повреда, скршеница на ногата, за која наводно била неопходна итна хируршка интервенција. Под притисок и во состојба на вознемиреност, таа поверувала во приказната и итно обезбедила пари и вредности од својот дом.

Жената им предала околу 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит, по што осомничените ги презеле и исчезнале од местото.

Полицијата подоцна успеала да ги идентификува и приведе дел од инволвираните, додека истрагата за целосно расчистување на случајот продолжува.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран