УТРО.мк

Избегната нова семејна трагедија во Скопје – мајка и три ќерки преживеале голгота

Избегната нова семејна трагедија во Скопје – мајка и три ќерки преживеале голгота
Vero

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода насилник во Скопје, од пиштол пукал во домот, следува соодветна пријава.

На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. 

Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. 

Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на 05.03.2026, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречемн од ќерките да не го употреби.

Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран