Вечерва низ Скопје се случи вистинска филмска полицаиска акција која заврши на патот кон населеното место Идризово, откако возило ренџ ровер избегало од неколку обиди за запирање од страна на полицијата.
Според очевидци, за време на бркотницата се слушнале и пукотници, но засега не е познато кој употребил огнено оружје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа блокираниот стариот пат кон Велес и присуството на повеќе полициски екипи на терен.
Возилото ренџ ровер завршило во ендек покрај патот, а според Министерството за внатрешни работи, станува збор за тековни активности за обезбедување лица кои го прекршиле законот.
МВР најавува дека утре ќе бидат објавени повеќе информации за инцидентот кој вечерва предизвика големо внимание во јавноста.



























