
Четириесетгодишен маж од Тетово е уапсен откако неговата сопруга пријавила дека подолг временски период била жртва на физичко насилство и закани со огнено оружје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 ноември 2026 година, во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г. (40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна сопруга.
Жената пријавила дека сопругот подолг период физички ја малтретирал и ѝ упатувал закани со огнено оружје.
По пријавата, полицијата презела мерки и го привела осомничениот, кој бил задржан во полициска станица.
При постапувањето, полициските службеници одзеле ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми, како и дозвола за поседување оружје.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против 40-годишниот тетовчанец ќе биде поднесена соодветна пријава.























