
На бензинска станица во селото Жеровјане, во тетовско, на 6 јануари 2026 година, беше откриено користење на фалсификувана банкнота од 50 евра. СВР Тетово соопшти дека во овој случај е поднесена кривична пријава против 26-годишниот Ч.Ј.Б, државјанин на Турција, кој се сомничи дека сторил кривично дело „фалсификување пари“.























