
Вчера полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово.
Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

















