УТРО.мк

Драма на граничниот премин Блаце – Полицијата апсеше

Драма на граничниот премин Блаце – Полицијата апсеше
Vero

Лишен од слобода косовски државјанин, избегал при царинска контрола на ГП Блаце, но набргу е фатен, пронајдени дрога и нож, следува пријава

На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, по што се дал во бегство кон Скопје.

Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и возилото е запрено, а лицето лишено од слобода. При тоа, извршен е преглед на теренот и пронајдена е кеса со марихуана, а во возилото е пронајден џебен нож. Р.Е. пријавил и дека додека бегал, фрлил кеса во која имало два пиштола. Р.Е. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin