УТРО.мк

Десет возачи лишени од слобода за безобзирно управување возило во последните 24 часа

Десет возачи лишени од слобода за безобзирно управување возило во последните 24 часа
Vero

Полицијата низ државата во изминатите 24 часа привела вкупно 10 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци поврзани со небезбедно управување на возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дел од приведените седнале зад волан без да поседуваат возачка дозвола. Такви случаи се регистрирани во Гостивар, каде тројца возачи биле затекнати без соодветен документ, како и по едно лице во Прилеп и кратовско подрачје.

Паралелно, четворица учесници во сообраќајот биле фатени како управуваат возила под дејство на алкохол. Двајца од нив се од Прилеп, а по еден случај е забележан во Демир Хисар и Охрид.

Дополнително, во Кавадарци е санкциониран возач на кого му била изречена активна забрана за управување со моторно возило, но и покрај тоа сепак учествувал во сообраќајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран