УТРО.мк

Бегство од полициска станица во Кочани: Отворил прозорец и исчезнал

Бегство од полициска станица во Кочани: Отворил прозорец и исчезнал
Vero

Четириесет и едногодишен кочанчанец, кој бил приведен откако во неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја, синоќа успеал да избега од Полициската станица во Кочани. Полицијата е на терен и интензивно трага по бегалецот.

Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk го потврдуваат инцидентот дека се случил на 10 јули околу 20:35 часот. 

Осомничениот А.Л. (41) од Кочани, кој претходно бил задржан во просториите на станицата поради сомнение за сторено кривично дело, искористил прилика, отворил прозорец од просторијата во која престојувал и се дал во бегство.​

Надлежните органи соопштуваат дека во моментов се преземаат сите неопходни оперативни мерки за лоцирање и повторно приведување на лицето.​

Приведен во заедничка полициска акција кај Истибања

Дрското бегство следи помалку од 24 часа по неговото апсење. Претходно, доцна вечерта на 9 јули (во 23:55 часот), на самиот влез во виничкото село Истибања, А.Л. беше лишен од слобода заедно со неговиот помлад сограѓанин Ј.Ј. (25).​

Нивното приведување било резултат на координирана акција на полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица.​

Полицијата сопрела патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал 25-годишниот Ј.Ј., додека сега избеганиот А.Л. бил на совозачкото место. При извршениот детален преглед на автомобилот, инспекторите пронашле и одзеле бела прашкаста материја.​

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin