На 10.10.2025 година, околу 20:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ лишија од слобода три лица од Албанија – на возраст 26 и 28 години, како и еден малолетник од 16 години.
Тие биле затекнати во патничко возило „Фолксваген Туран“ со албански национални ознаки, сопственост на едно од лицата, при што е утврдено дека едно од лицата и малолетникот илегално ја поминале македонско-албанската граница.
При преглед кај едно лице била пронајдена марихуана, по што тој бил лишен од слобода. Со малолетникот бил извршен разговор присуство на адвокат за малолетници и претставник на Центарот за социјални работи од Струга.
По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.