Авганистанските власти денес соопштија дека во синоќешните вооружени судири по должината на границата со Пакистан биле убиени 58 пакистански војници, а 30 се ранети. Портпаролот на талибанската влада, Забихулах Муџахид, изјави дека авганистанските сили презеле 25 пакистански воени позиции, јавува агенцијата АП.
Според соопштението, нападите врз пакистанските гранични пунктови биле изведени како одговор на, како што се наведува, „повторени прекршувања на авганистанската територија и воздушен простор“ од страна на Пакистан.
Авганистанските власти претходно оваа недела го обвинија Пакистан за бомбардирање на Кабул и пазар во источниот дел од земјата. Исламабад засега не ја презеде одговорноста за тие напади, ниту издаде официјална реакција на најновите тврдења од Кабул.