
Дваесет и четиригодишен државјанин на Турција е приведен во Охрид под сомнение дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање лице на друго лице заради вршење проституција.
Според информациите од СВР Охрид, Р.К. (24) од Истанбул бил лишен од слобода на 3 септември, околу 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
По завршување на постапката, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

















