УТРО.мк

80 годишен грк осомничен за убиството во Виница: Уапсени се и други лица – МВР со детали

80 годишен грк осомничен за убиството во Виница: Уапсени се и други лица – МВР со детали
Vero

Полицијата го расчисти убиството што ја вознемири јавноста во Виница, а како главен осомничен е приведен 80-годишен државјанин на Грција.


Според информациите од МВР, на 28 март во 16:11 часот во близина на градските гробишта во Виница бил пронајден починат 56-годишен маж со иницијали (Д.А) од селото Липец. Лекар констатирал смрт, по што по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.


Во рамки на истрагата, полицијата лишила од слобода повеќе лица – И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Република Грција и С.З.(57) од селото Жабени, Битолско. Меѓу нив е и 80-годишниот Г.П., кој се сомничи дека е директно вмешан во убиството.


Извршени се претреси во возила и сместувачки објекти во Виница каде престојувале осомничените. При акцијата биле пронајдени и одземени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција, како и други предмети од интерес за истрагата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран