УТРО.мк

69 годишен возач почина на патот Кичево – Демир Хисар по излетување од коловозот

69 годишен возач почина на патот Кичево – Демир Хисар по излетување од коловозот
Vero

Шеесет и двегодишен возач го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на селото Видрани.


Како што информираат од полицијата, на 25 април 2026 година околу 15:30 часот било пријавено дека од патот излетало патничко возило „Фолксваген Поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од село Другово, кичевско.
На местото на несреќата интервенирала екипа на Итна медицинска помош, при што лекар констатирал смрт кај возачот.


Според изјава на неговата сопруга, која се наоѓала во возилото во моментот на несреќата, возачот непосредно пред излетувањето се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и изгубил контрола над возилото, излегувајќи надвор од коловозот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран