Денеска попладне Србија ја погоди земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот е регистриран во 14:43 часот по локално време.
Епицентарот бил на длабочина од 6 километри, околу 64 километри јужно од Чачак, град со над 117.000 жители, и 14 километри северозападно од Соколовица, населено место со околу 1.000 жители.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.