УТРО.мк

Вучиќ прогласи „победа од 10-0“: СНС триумфира на локалните избори

Вучиќ прогласи „победа од 10-0“: СНС триумфира на локалните избори
Vero

Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ оствари убедлива победа на локалните избори во Србија, прогласувајќи триумф во сите десет општини и градови каде што се гласаше. Претседателот на државата и лидер на СНС изјави дека резултатот е „победа од 10-0“, истакнувајќи дека најнеизвесниот исход бил во Кула, каде што неговата партија сепак успеала да победи со тесни 530 гласови.

Според прелиминарните податоци, во Бор СНС победи со разлика од околу 1.900 гласови, во Аранѓеловац освоиле 52,96% од гласовите, Бајина Башта 53,49%, Кладово дури 71,98%, додека во Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка поддршката се движела помеѓу 51 и 66 проценти.

Медиумите блиски на власта ги прикажуваа изборите како „напад врз блокадерите“, етикета за опозицијата и студентското движење, додека независни набљудувачи и опозициските листи известуваа за сериозни нерегуларности. На повеќе места, вклучувајќи ги Бор, Бајина Башта и Кула, гласањето беше нарушено со физички судири, напади врз активисти и новинари, како и притисоци врз гласачите, фотографирање на гласачки ливчиња и таканаречениот „бугарски воз“.

Изборниот ден не мина без дополнителни контроверзии: полицијата изврши рација во канцелариите на опозициското Народно движење на Србија (НДС), при што беа запленети телефони на партиски функционери. Претседателот на НДС, Мирослав Алексиќ, го осуди полициското интервенирање, а Вучиќ обвини дека НДС контактирал граѓани и ги повикувал да не гласаат за листата на СНС, најавувајќи можни апсења.

Анализите покажуваат дека поддршката за СНС се зголемила во повеќето општини во споредба со локалните избори од 2022 година, особено во Кладово, Бор, Мајданпек и Аранѓеловац. Единствено во Смедеревска Паланка, Књажевац и Кула се забележува пад на гласовите за владејачката партија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран