
Во северна Албанија беше откриена огромна статуа посветена на илирската кралица Теута, која во античко време се спротивставила на Римската Република.
Статуата беше поставена на подрачјето каде што, според историските податоци, се одвивале дел од настаните поврзани со владеењето на Теута и конфликтите меѓу Илирите и Рим.
На свеченоста по повод откривањето, историчари говореа за значењето на Теута во историјата на регионот, истакнувајќи ја како една од најпознатите владетелки на античките Илири.
Во своите обраќања, историчарите истакнале и дека Илирите ги сметаат за директни предци на современите Албанци.

















