УТРО.мк

(ВИДЕО) ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА ВО ХРВАТСКА: Туристи од Албанија дивееле со квадови, по расправија со мештаните избила масовна тепачка

(ВИДЕО) ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА ВО ХРВАТСКА: Туристи од Албанија дивееле со квадови, по расправија со мештаните избила масовна тепачка
Vero

Инцидент меѓу туристи од Албанија и локални жители се случил на хрватскиот остров Паг, а снимка од физичката пресметка се прошири на социјалните мрежи.

Според информациите објавени на профилот „podgoricki.portal“, група туристи од Албанија наводно возеле квадови во парк во кој во тој момент престојувале и семејства со деца.

Како што се наведува во објавата, локални жители ги предупредиле туристите да не возат на тој начин на местото, по што дошло до вербална расправија.

Ситуацијата набрзо ескалирала и дошло до физичка пресметка меѓу двете групи. На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се забележат повеќе лица вклучени во инцидентот, како и квадови во непосредна близина.

Во објавата се тврди дека туристите од Албанија „не поминале добро“ во тепачката.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за полициска интервенција и околностите под кои точно започнал инцидентот.

Информациите за причината за конфликтот се засноваат на наводите објавени на социјалните мрежи и засега не се независно потврдени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin