УТРО.мк

Нискиот Дунав ги откри „духовите“ од Втората светска војна: Од реката испливаа десетици германски воени бродови и опррма потопени во 1944 година

Нискиот Дунав ги откри „духовите“ од Втората светска војна: Од реката испливаа десетици германски воени бродови и опррма потопени во 1944 година
Vero

Нискиот водостој на Дунав повторно откри дел од историјата скриена на неговото дно. Кај Прахово, во источна Србија, во близина на границата со Романија, од реката излегоа остатоци од десетици германски воени бродови од Втората светска војна, кои германските сили намерно ги потопиле во 1944 година.

Олупините со децении се наоѓаат на дното на Дунав, но со намалувањето на нивото на реката делови од нив повторно станале видливи над површината.

Станува збор за пловила на германската Црноморска флота кои биле намерно потопени за време на повлекувањето пред напредувањето на Црвената армија.

Целта на германските сили била со потопените бродови да го блокираат пловниот пат по Дунав и на тој начин да го забават движењето на противничките сили нагоре по реката.

Околу 200 потонати пловила во Дунав

Бидејќи најголемиот дел од бродовите никогаш не биле извадени по завршувањето на Втората светска војна, нивните остатоци и денес претставуваат проблем за пловидбата.

Се проценува дека на дното на Дунав во овој регион се наоѓаат околу 200 пловила.

Меѓу нив има потонати товарни бродови, тегначи и шлепови.

Само на делницата меѓу 857. и 862. речен километар, во близина на Прахово, биле утврдени вкупно 40 потонати бродови и други пловни објекти.

Дел од нив, особено кога нивото на Дунав е ниско, излегуваат над површината и стануваат јасно видливи.

ЕУ финансира отстранување на најопасните олупини

Поради долгогодишниот проблем со безбедноста и проодноста на пловниот пат, започнат е голем проект за отстранување на дел од потонатите бродови.

Проектот е финансиран со поддршка од Европската унија, а предвидено е да бидат извадени 21 олупина кои во најголема мера ја попречуваат пловидбата по Дунав.

Европската инвестициска банка – ЕИБ е стратешки партнер на проектот.

Според податоците на ЕИБ, една од олупините во тесниот дел на Дунав кај Прахово, долг околу пет километри, била извадена во текот на 2024 година.

Бродот бил извлечен од водата со помош на челични јажиња, по што бил исчистен од насобраниот речен талог и кал.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin