УТРО.мк

(ВИДЕО) Русокоса претепа Филипинец во центарот на градот – ужас во Загреб

(ВИДЕО) Русокоса претепа Филипинец во центарот на градот – ужас во Загреб
Vero

Вознемирувачка снимка од центарот на Загреб се шири на социјалните мрежи, а на неа се гледа како млада девојка физички напаѓа државјанин на Филипини на улицата Илица. Инцидентот се случил во текот на ноќта, неколку часа по полноќ, пренесуваат хрватските медиуми. 

Според информациите на Index.hr, станува збор за Филипинец кој туристички престојувал во хрватската престолнина. На видеото се гледа како девојката повеќепати го удира со раце и нозе, а во еден момент му го избива и мобилниот телефон од раце.

Очевидци и случајни минувачи биле присутни за време на нападот, но речиси никој не реагирал. На снимката може да се слушне и глас кој вели: „Доста, ова навистина е премногу“. 

Неофицијално, по инцидентот интервенирале и полицијата и Итната помош, а од загрепската полиција најавиле дека работат на расчистување на случајот. Засега не се познати причините што довеле до физичката пресметка.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран