УТРО.мк

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе донесат силен економски раст и регионална поврзаност

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе донесат силен економски раст и регионална поврзаност
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата и регионот.

Тој истакна дека темел на секоја држава е инфраструктурата, додавајќи дека Владата вложува околу 6 милијарди евра во патна и железничка мрежа, инвестиции кои, како што рече, ќе донесат значителен економски бенефит за граѓаните и стопанството.

Николоски информираше дека автопатот Охрид – Кичево е во завршна фаза, а во соработка со УНЕСКО се работи на утврдување на трасата за продолжението Охрид – Струга – Ќафасан. Во завршна фаза на избор на изведувач е и автопатското решение Кичево – Букојчани, додека со добар напредок се работи на делниците Букојчани – Гостивар и Гостивар – Тетово.

Паралелно се планира реконструкција на обиколницата околу Скопје, а во соработка со Европската унија се реализираат проекти за експресниот пат Страцин – Ранковце, како и за модернизација на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

Во делот на железничката инфраструктура, тој посочи дека е пуштена во употреба првата делница кон Бугарија, додека втората е во тек на изградба. Со поддршка од ЕБРД, ЕИБ и Европската унија е во тек тендерската постапка за третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија. Се работи и на реконструкција и надградба на железничката линија од Јегуновце преку Тетово и Гостивар до Кичево, како и на линијата кон границата со Албанија. Дополнително, најавена е и изградба на брза пруга на Коридорот 10.

Николоски истакна дека економскиот развој на Македонија е директно поврзан со инфраструктурните инвестиции, кои ќе ја зголемат конкурентноста и ќе придонесат земјата да стане пример за развој во регионот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран