УТРО.мк

ВИДЕО: Матуранти ја изненадија класната со автомобил, не можеше да ги сокрие солзите

ВИДЕО: Матуранти ја изненадија класната со автомобил, не можеше да ги сокрие солзите
Vero

Несекојдневна и емотивна сцена се случи во техничко училиште во Zadar, каде матурантите на својата класна наставничка ѝ подарија автомобил за крајот на средното образование.

Учениците, кои се школувале за воздухопловни техничари, го донеле автомобилот пред училиштето и ѝ приредиле целосно изненадување на наставничката Нина.

Во видеото што се прошири на социјалните мрежи се гледа нејзината емотивна реакција, солзи радосници, прегратки и воодушевување од гестот на учениците.

Снимката беше објавена и на страницата „Наш Задар“, каде беше опишана како „најубавата приказна на денот“.

Видеото за кратко време собра голем број позитивни реакции и коментари, а многумина порачаа дека вакви моменти ја враќаат вербата во младите.

View this post on InstagramA post shared by Naš Zadar (@nas.zadar)

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран