УТРО.мк

Поплави ја зафатија Бугарија, критична состојба во Велико Трново и Габрово

Поплави ја зафатија Бугарија, критична состојба во Велико Трново и Габрово
Vero

Силно невреме проследено со интензивни врнежи предизвика поплави во повеќе делови од Бугарија, при што се поплавени домови, дворови и подруми во неколку населени места.

Најкритична е состојбата во регионите на Велико Трново и Габрово, како и околните места, каде се измерени над 70 литри дожд на метар квадратен.

Во Велико Трново е прогласена вонредна состојба, а најтешка е ситуацијата во Присово и Дебелец, каде дел од жителите се евакуирани поради високото ниво на вода.

Надлежните служби се на терен и работат на санирање на последиците и обезбедување помош за загрозеното население.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран