
Кандидатот за претседател на Бугарија, Андреј Ѓуров, денеска го оствари своето гласачко право во Благоевград, придружуван од сопругата Станислава и нивните двајца синови. По гласањето порача дека изборот го направил со мисла за иднината на децата, животниот стандард и граѓаните кои секојдневно работат, но се соочуваат со финансиска неизвесност.
https://www.facebook.com/share/v/1A86n9NtVD/
Ѓуров гласал околу 10 часот во Националната хуманитарна гимназија „Св. Кирил и Методиј“, избирајќи машинско гласање на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија.
На гласање со сопругата и двајцата синови
Неговото појавување на избирачкото место го привлече вниманието на новинарските екипи, пред кои застана заедно со семејството. Сопругата Станислава и синовите Александар и Владимир го придружуваа при пристигнувањето, а според „Инфомрежа“, тие гласале пред него.
Како што објави „24 часа“, постариот син на Ѓуров студира во Холандија и се вратил во Бугарија пред една недела за краток одмор. Неговиот престој се совпаднал со изборниот ден, што му овозможило да гласа во татковината.
Помладиот син е студент на Американскиот универзитет во Бугарија, во Благоевград. Тој наполнил 18 години кон крајот на минатата година, а по учеството на парламентарните избори во април, денеска првпат гласал на претседателски избори.






















