Турција денеска официјално воведе забрана за бродскиот сообраќај со Израел. Од денеска, во турските пристаништа не можат да влезат ниту бродови кои пловат под израелско знаме, ниту оние во сопственост на израелски државјани.
Во исто време, турските власти им забрануваат на бродовите под турско знаме да патуваат кон Израел или да транспортираат стоки таму. Сопствениците на бродови се обврзани да потпишат изјава дека нивните активности не се поврзани со Израел.