УТРО.мк

Црна Гора промовира членство во ЕУ: Националниот авион носи слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“

Црна Гора промовира членство во ЕУ: Националниот авион носи слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“
Vero

Црна Гора ја постави својата најамбициозна цел досега, полноправно членство во Европската Унија до 2028 година. Националниот авиопревозник Ер Монтенегро го доби својот нов „летечки амбасадор“, авион со впечатливиот слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“, кој ќе ја носи пораката на Црна Гора низ цела Европа.

„Ја носиме Европа во Црна Гора и ја носиме Црна Гора во Европа“, изјави премиерот Милојко Спајиќ на презентацијата на авионот на аеродромот во Подгорица, нагласувајќи дека брендот на авионот е „стратешка изјава на државата“. Според него, Црна Гора на Европа ѝ нуди стабилност, свежа енергија и пример за единство во различноста.

Министерката за европски прашања, Маида Горчевиќ, оцени дека целта е амбициозна, но остварлива. Таа посочи дека сите институции, економски и културни актери, спортисти, научници и граѓанскиот сектор мора да ја пренесат истата порака: Црна Гора е подготвена да стане 28-ма членка на Европската Унија до 2028 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран