УТРО.мк

Трамп со иста поза на фотографиите со балканските лидери: Социјалните мрежи се прашуваат што стои зад сличноста

Трамп со иста поза на фотографиите со балканските лидери: Социјалните мрежи се прашуваат што стои зад сличноста
Vero

Фотографии од средбите на Доналд Трамп со балкански политичари предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи. На снимките со различни гости, американскиот претседател стои во речиси иста поза, со сличен израз на лицето.

Фотографиите беа објавени по средбите во САД за време на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации. Меѓу оние што споделија фотографии со Трамп се сопругата на српскиот претседател, Тамара Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Тамара Вучиќ објави фотографија на која се таа и Александар Вучиќ со Трамп, со забелешка дека за некои фотографии вреди да се чека и десет дена. Таа ја нарече позата на американскиот претседател препознатлива, додавајќи дека фотографијата не може да ги пренесе неговите шеги за време на средбата.

Рама, пак, објави фотографија со сопругата Линда и Трамп. Откако на интернет се појавија сомнежи и споредби со другите фотографии, албанскиот премиер иронично напиша дека, бидејќи некои тврделе оти не можел да се сретне со Трамп, бил „принуден“ да ја направи фотографијата со вештачка интелигенција. Во продолжението од објавата самиот посочи дека станува збор за иронија.


И фотографијата што ја објави Мицкоски поттикна споредби. Дел од корисниците се шегуваа дека Трамп изгледа како да е поставен на истото место за секое фотографирање, додека други прашуваа дали снимките се изменети.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран
Urban Stil Lotarija
Green Machines

Најнови вести

Milioner Lotarija
Ilirika
Zlatna Treska
Titanium Lotarija