УТРО.мк

СРПСКАТА ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА НА НОЗЕ: Пронајден експлозив со разорна моќ кај Кањижа покрај гасоводот „Балкански тек“

СРПСКАТА ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА НА НОЗЕ: Пронајден експлозив со разорна моќ кај Кањижа покрај гасоводот „Балкански тек“
Vero

Вистинска безбедносна драма се одвивала во близина на Кањижа, каде српските безбедносни сили откриле експлозивни направи во непосредна близина на гасоводот „Балкански тек“, една од најважните енергетски артерии во регионот.


Според информациите, припадници на полицијата и војската, заедно со кучиња-трагачи, на неколку стотици метри од гасоводот во реонот на селото Велебит пронашле два големи ранци полни со експлозив и детонатори.


Станува збор за материјал со сериозна разорна моќ, кој, според властите, можел да предизвика огромна штета и да ја загрози безбедноста на голем број луѓе, како и стабилноста на снабдувањето со гас во регионот.


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека станува збор за директна закана кон клучна инфраструктура, нагласувајќи дека во случај на експлозија, северниот дел на Србија, но и Унгарија, можеле да останат без гас.


Во текот на целата акција, голем број полициски и воени единици биле распоредени на терен, а дел од операцијата се координирала и од воздух со хеликоптери. Патиштата во делови од општина Кањижа биле блокирани, додека службите детално го пребарувале теренот во потрага по дополнителни опасни материјали.


Вучиќ откри дека за случајот веќе разговарал и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со оглед на тоа што гасоводот е од клучно значење за снабдување на двете држави.


Истрагата е во тек, а властите најавуваат жестока реакција против сите кои ќе се обидат да ја загрозат енергетската безбедност на државата. Според првичните информации, се разгледува и можноста за организирана диверзија, што дополнително ја подигнува сериозноста на целиот случај.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран