УТРО.мк

Словенечката влада потврдува дека имало странско влијание на парламентарните избори

Словенечката влада потврдува дека имало странско влијание на парламентарните избори
Vero

Словенечката влада објави дека нејзината разузнавачка служба потврди вмешаност на странски актери во неодамнешните парламентарни избори, кои се одржаа минатиот викенд и завршија без јасен победник. Од Владата посочија дека извештајот на Агенцијата за разузнавање и безбедност (СОВА) открива специфични активности на странска параразузнавачка агенција и контакти со локални субјекти, но не открија за која агенција станува збор.

Владата соопшти дека сите докази собрани во земјата и во странство се предадени на надлежните органи, полиција и обвинителство, за понатамошна истрага и постапка.

На изборите, со преброени над 99% од гласовите, либералното Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб освои 29 од 90 места во парламентот, додека Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша освои 28 места. За време на кампањата, на интернет се појавија видеа со наводни тајни разговори на владини функционери, кои предизвикаа сомнежи дека се обид за влијание врз гласачите. Словенечките власти започнаа истрага за потеклото на овие снимки.

Разузнавачките наоди упатуваат дека СДС е поврзана со приватната разузнавачка фирма „Блек Кјуб“, која, според извештајот, била вклучена во активности насочени против изборниот процес. Јанеш Јанша потврди дека имал контакти со советник од „Блек Кјуб“, но негираше било какви незаконски дејствија.

Државниот секретар за национална и меѓународна безбедност, Војко Волк, соопшти дека претставници на „Блек Кјуб“ ја посетиле Словенија четири пати во последните месеци, а една од нивните посети била до седиштето на СДС на улицата Трстењакова број 8 во Љубљана. Шефот на СОВА, Јошко Кадивик, презентирал целосен извештај со материјални докази кои го поврзуваат тројца претставници на „Блек Кјуб“ со активностите во Љубљана, како и со други операции кои упатуваат на странско мешање во словенечките избори.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран