Северозападот на Турција утрово беше потресен од вооружен судир помеѓу турската полиција и припадници на Исламска држава (ИСИС). Во судирот, кој избувна за време на антитерористичка акција во селото Елмалик, беа повредени седум полицајци. Според безбедносните извори, нивната состојба е стабилна.
Акцијата започнала како рација во една куќа на патот кон селото, во рамки на пошироки напори на турските власти да ги разбијат мрежите поврзани со ИСИС. Кога полицијата ја опколи локацијата, осомничените отвориле оган кон нив, што довело до интензивен вооружен судир. За да ја зајакнат операцијата и да обезбедат контрола на теренот, на местото на настанот биле испратени дополнителни специјални единици од Бурса.



























