
Бугарското Министерство за надворешни работи испрати официјална нота до Грција поради сериозните проблеми предизвикани од протестите на грчките земјоделци, кои доведоа до затворање на клучни патишта и гранични премини. Во нотата се истакнува дека блокадата предизвикала економски загуби за бугарските транспортни компании, извозници и граѓани, како и нарушување на слободното движење на луѓе и стоки, гарантирано со законите на Европската унија.
Министерството изрази очекување дека прашањето ќе биде решено конструктивно и во духот на добрососедството, со преземање на мерки за спречување на слични инциденти во иднина.



























