УТРО.мк

Вучиќ: Србија ќе биде прва во Европа со нов одбранбен систем

Вучиќ: Србија ќе биде прва во Европа со нов одбранбен систем
Vero

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во божиќно интервју најави набавка на најсовремено оружје, со што Србија, како што рече, ќе биде прва или втора земја во Европа што ќе го поседува ваквиот систем. Станува збор за комбинација од системи за воздушна одбрана, а договорите, според него, треба да бидат потпишани во наредните неколку дена.

Вучиќ оцени дека Србија значително ја зајакнала својата безбедносна позиција и дека граѓаните не треба да се грижат за состојбата на војската, нагласувајќи дека единствен предизвик е зголемувањето на бројот на припадници.

Говорејќи за глобалната ситуација, претседателот предупреди на растечките тензии во светот, посочувајќи дека Србија мора да го зачува мирот и стабилноста и да биде доволно силна за да ја заштити својата територија. Тој се осврна и на случувањата во Венецуела, Иран и односите меѓу големите сили, оценувајќи дека времињата се драматично променети.

Во економски контекст, Вучиќ најави дека 2026 година ќе биде најдобрата во историјата на Србија, со раст на платите и пензиите и стабилна инфлација. Тој истакна дека инфраструктурните проекти, автопатите и железничките линии директно влијаат врз економскиот раст и животниот стандард.

Претседателот најави и можни суштински реформи во образованието, укажувајќи дека сегашниот систем не одговара на потребите на времето, како и долгорочни решенија во енергетиката, вклучително и изградба на нуклеарни капацитети.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран