Претставниците на бугарските организации од шест македонски градови (Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани) категорично се изјаснија против уставни измени со одложено дејство во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија.
Својот став го презентирале пред бугарскиот претседател Румен Радев, нагласувајќи дека станува збор за гарантирање на основните човекови права.
Од друга страна, бугарскиот претседател Радев вчера повтори дека впишувањето на Бугарите во Уставот на РМ значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија.
„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да си ги отвори вратите за преговори за полноправно членство“, изјави Радев на приемот за претставниците на бугарските организации од Македонија.”
Радев изрази надеж дека македонските власти ќе го спроведат „европскиот компромис“ од 2022 година, потенцирајќи дека иако сите се надеваат на што поскора интеграција на РМ, тоа не смее да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата.



























