УТРО.мк

Грчките земјоделци не попуштаат – блокадите на границата продолжуваат и денес

Грчките земјоделци не попуштаат – блокадите на границата продолжуваат и денес
Vero

Блокадите на грчката граница поради бесните протести на земјоделците продолжуваат да го тресат регионот, предизвикувајќи застој на клучните точки кон Бугарија и Македонија! Иако на Кулата-Промахон засега владее релативен мир и сообраќајот се одвива нормално (иако таа „милост“ трае само до 10:00 часот денес, по што се очекува ново затворање), ситуацијата е сериозно непријатна.

Граничниот премин Евзони (Богородица) е повторно мета! Вчера вечер, околу 18 часот, грчките земјоделци повторно го спуштија „клучот“, оставајќи голем број возила заглавени. Иако претходно беше отворен само неколку часа за да се овозможи минување на колоните камиони и заглавените автомобили, овој премин останува несигурна зона.

Гневот стигна и на граничниот премин Ники (Меџитлија)! Конвој трактори утрово кратко го блокираше влезот и излезот од Грција. На грчката страна веќе четврти ден стојат над 150 трактори, а денеска пристигнаа и дополнителни 130 од Јаница, најавувајќи уште пожестоки акции!

Поради немилосрдните блокади, на граѓаните кои планираат пат кон јужниот сосед најстрого им се препорачува да го користат граничниот премин Дојран.

Земјоделската тактика е позната: нема однапред најава! Тракторите се паркирани, а на секојдневни состаноци се решава кога и колку долго ќе се блокираат прекуграничните патишта. Оваа пракса ќе продолжи, а земјоделците, барем засега, се непоколебливи.

Протестите се шират низ целата земја. Кај Никеа, во близина на Лариса, околу 1.800 трактори го затворија автопатот Солун-Атина! Во Кардица, над 2.000 трактори учествуваат во блокадите. Исто така, на излезот од Солун, блокада има на патот кон Атина.

Со поставувањето на новогодишни елки на местата на блокадите, демонстрантите испраќаат јасна порака: Нема да отстапиме! Доколку е потребно, празниците ќе ги минат на улица.

Протестите, кои почнаа во неделата со најава за интензивирање до 5 декември, немаат дефинитивен крај. Иако се очекуваат преговори, дополнителна тензија може да предизвика прогнозираниот црвен код за обилни врнежи од дожд низ поголемиот дел од Грција, што може да ја принуди ситуацијата барем привремено да се измени!

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран