
Во мирниот град Баре, на неколку километри од Тузла, од приватна парцела веќе три децении тече мала количина сурова нафта – феномен што локалците го забележуваат, но што останува непотврден и неизучен од стручњаците.
„Првпат забележав темна дамка на земјата додека чистев стара депонија во 1996 година. Од тогаш до денес, нафтата продолжува да излегува на површина, без разлика на временските услови“, вели Хајрудин Билалиќ, жител на Баре. Тој додава дека на истата локација постои уште еден извор, што укажува дека ова не е осамен случај.
Иако постојат шпекулации за можни резерви и дупчења до неколку илјади метри, сопственикот на земјиштето посочува дека никогаш не е направено сериозно истражување за да се утврди реалниот потенцијал на овој природен феномен.
Геолозите уште од времето на поранешната држава укажувале дека теренот во Босна и Херцеговина, особено Динаридите и Посавинскиот басен, има услови за присуство на нафта. Сепак, досегашните истражувања и дупчења не го потврдија постоењето на комерцијално одржливи наоѓалишта. Неофицијално се спомнуваат резерви од можни една милијарда барели, но без официјална потврда.























